Од утре, повторно во функција се става обиколницата кај Штип, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тоа значи дека, по три месечен период низ Штип нема да поминуваат шлепери и други тешки и лесни моторни возила…
„Граѓаните на Штип, граѓаните на југоистокот, од утре ќе можат да возат по нова, модерна и безбедна обиколница, без притоа да мораат да влегуваат во градот. Практично со ова сообраќајот во Штип се враќа во нормала. Јас денес знам дека после 40 години направивме реконструкција на овој патен правец за наредните години и децении, а ќе биде пред се за поголема безбедност и побрз транспорт“, изјави министерот Бочварски.
Реконструкцијата на обиколницата се изврши по четиридецениски период. Со ова, овој дел од новоизградениот експресен пат Штип Радовиш доби модерна и пред се сообраќајно безбедна делница.
Комплетното извршување на градежните работи на експресниот пат Штип – Радовиш се очекува наскоро, најави Бочварски.