2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

Синдикати: Вакцинацијата е избор само на работниците

Против најновите мерки што ги предлага Комисијата за заразни болести реагира и Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила.

Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против војата на поединецот, стои во реакцијата на ССМ.

Во изминатиот период до Синдикатот пристигнале обраќања од работници кои не се вакцинирани, а на кои им е барано негативен тест.Од ССМ информираат дека Трудовиот инспекторат  постапувајќи по пријавите на ССМ и по спроведен инспекциски надзор ги укинал спорните одлуки на работодавачите.

Реакција за новите предложени мерки пристогна и од Конфедерацијата на слободни синдикати, во која се вели:

Владата треба добро да размисли дали да ги прифати најавените мерки на Комисијата за заразни болести. Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, стоиу во реакцијата на КСС.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles