Нафтата е единствениот ресурс кој може да ги реши сите црногорски финансиски проблеми до 2024 година, смета канадскиот експерт и консултат за геофизика и нафтени истражувања со црногорско потекло Владимир Поповиќ. Тој на министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ му ги испратил своите проекти за развој на нафтената индустрија, со чија реализација Црна Гора би можела да има најмалку десет пати поголем приход од нафтата отколку од туризмот за многу кратко време, пренесува РТЦГ.