Во Грција стапи на сила новата одредба од кривичниот закон, со кој се забранува ширењето на лажни вести. Во четвртокот беше уапсен адвокатот Никос Антонијадис, кој е предводник на неформалното антиваксерско движење во земјата. Во меѓувреме тој беше пуштен на слобода, а за медиумите изјави дека апсењето нема да го смени неговиот став.