3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Нема ден без починат од Ковид во штипската Клиничка болница. Вчера почина уште едно лице, а во оваа недела вкупно починаа 9

Нова црна низа на починати прави короната во штипската Клиничка болница.Вчера почина уште еден пациент а вкупно црниот биланс  во последните шест денови Короната присвои вкупно 9 животи

Од вчера нови девет лица се на Инфективното одделение па сега нивниот број таму е 56. Дополнително осум пациенти има и на кожното одделение.  Од сите споменати на кислородна терапија се 44-ца.

Освен хоспитализираните зголемување има и на бројот на активни случаи , а во моментов општина со најголем број на ковид позитивни 236 е Кочани.

Во Штип, состојбата е следна:

Рамка: Имаме 226 активни случаи. Најголем дел од нив се помеѓу 40 и  над 60 години, вкупно 140 лица. Од училишна возраст, имаме позитивни 27 дечиња, информираат од Центар з ајавно здравкје.

На листата на општини со осетно зголемување на ковид позитивни е и Делчево:

Во последните неколку денови за жал бројот на активни случаи се зголемува и дневно се тестираат по 30 лица од кои по 20 се позитивни“ изјави Марија Глигоровска , дир. на Здравствен дом – Делчево

Вкупно, на ниво на источен регион , има 897 потврдени позитивни случаи на пациенти со ковид 19.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles