2.9 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Со оваа цена на горивата, транспортерите возат во загуба. Владата бараат итни мерки

Новите цени на горивата, транспортерите ги насочуваат во сигурни загуби и со тешки финансиски последици. Тврдат, дека под овие услови нивната перспектива е невозможна зашто бизнисот станува нелогичен:

“ За да се постигнат потребни резултати треба во ова тешко време да се користат и стоковите резерви, за да се нивелира високата берзанска цена на нафтата. Владата како што воведе дополнителна акциза во услови на пандемија како „антикризна мерка“ заради ниските цени на горивата, сега треба да размислува и да спроведе обратна активност и навистина да имаме антикризна мерка со намалување на фискалните давачки” Билјана Муратовска -Макам транс.

Спас за нив единстевно е Владата која конечно треба да ги слушне, да ги сфати и да им помогне, категорични се од здружението Макамтранс.

Доколку ситуацијата не се промени итно, транспортниот капитал, камионите ќе бидат неподвижно железо, а во егзистенционална неизвесност, ќе влезат неколку илјади  возачи и вработени.

Освен ова, огромен ризик за транспортните компании е и губењето на возачите кои при поголем застој, сигурно е дека ќе заминат во странство. Возачи и така нема доволно, па ризик е камионите за постојано да останат паркирани.

Во Македонија има околу 14 илјади товарни превозни средства кои најчесто се ориентирани за дистрибуција и транспорт во странски земји.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles