Ќе нема ниту рестрикции ниту енормно високи цени на струјата, а најзагрозените граѓани ќе добијат помош. Ова во гостување на ТВ Стар го кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
Дополнително, од Регулаторната комисија најавуваат дека ќе бараат помош за најранливите категории потрошувачи. Висината на помошта, би зависела од приходите кои ги имаат семејствата. По оваа логика, најголема помош ќе има за оние со најниски проходи, а како приходите на домаќинствата ќе се зголемуваат, така помошта ќе се намалува.