-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Средба на новиот градоначалник на Македонска Каменица со менаџментот на Рудник Саса

Поддршката што ја обезбедува Рудникот САСА за заедницата беше една од темите на првиот состанок на претставници на менаџерскиот тим на САСА со новиот градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. На средбата беше констатирано дека добрата соработка меѓу Рудник САСА и локалната самоуправа, што е во интерес на целата заедница и придонесува за создавање на поволна клима која е неопходна за обезбедување одржлив развој на рудникот, ќе продолжи и во иднина.

Како генератор на локалниот економски развој, рудникот САСА има големо влијание врз социјалната стабилност и просперитетот на жителите од нашата општина и пошироко во целокупниот источен регион. Оттаму, од голема важност е тој да продолжи да расте и развива, со што ќе биде во можност и понатаму да го дава својот придонес за развојот на целокупната заедница, рече градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Од страна на претставниците на менаџерскиот тим, беа презентирани  досегашните вложувања на САСА во сите сегменти од работењето

Во изминатите четири години откако Централ Азија Металс стана сопственик на САСА, инвестирани се над 30 милиони долари во современа рударска опрема, дигитализација, унапредување на безбедноста, подигнување на стандардите и работните услови во рудникот, како и во професионалниот развој и благосостојбата на вработените. Во тек е реализацијата на капитална програма во вредност од околу 20 милиони долари, што ќе ни овозможи приспособување кон поефикасен метод на рударство во иднина, истакна на средбата со градоначалникот, генералниот директор на САСА, Скот Јеланд.

Во тек е изградба на новиот нископ што е дел од новиот инвестициски циклус на САСА кој треба да овозможи полесен и поефикасен пристап до нови рудни наоѓалишта.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles