4.4 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Асцид кај кучињата

Поради зачестената појава на таканаречниот Асцид кај кучињата ветеринарната клиника од Штип уште еднаш ги подсетува сопствениците на домашни миленичиња за природата и лекувањето на оваа болест, особено кај кучињата. Што фактички е Асцид.

Асцит не е болест, туку последица на болна состојба. Мошне опасно, морам да кажам, бидејќи тоа може да доведе до смрт. Затоа, кога симптомите се откриваат прво, ветеринарот треба да биде итно контактиран. И подобро е да не ризикувате и да не се обидувате да му помогнете на кучето дома со народни лекови – третманот на асцит кај кучињата треба да биде квалификуван изјави Методи Бреслиски – ветеринар

Една од главните причини за појава на таканаречниот широк стомак кај кучињата или асцид е неправилната исхрана. Поточно нивно хранење на неквалитетна храна наменета за домашните миленици, тврдат ветеринарите.Но, ако кучето е заболено, начинот на лекарски третман е следниот.

Ако количината на асцитната течност во абдоминалната празнина на кучето е голема и создава притисок врз органите, како итен случај, се врши отстранување на трансудатот со пункција (пункција на абдоминалната празнина). Терапевтската абдоминоцентеза обично дава значително подобрување на состојбата на кучето, сепак, служи како чисто симптоматски метод на лекување: без да се елиминира причината за асцит, трансудатот во абдоминалната празнина повторно ќе се акумулира. Главните терапевтски мерки ги развива ветеринар, во зависност од видот на основната болест. изјави Методи Бреслиски – ветеринар

Ако сопствениците забележат неприродно надуен стомак кај нивните миленици, веднаш да посетат ветеринар, бидејќи секое одлагање иницира развивање на болеста,што може да биде фатална по животот на домашниот миленик, советуваат ветеринарите…

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles