-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Најмногу досега. Програмерите испрограмираа 75.000 денари просечна плата за себе

Секторот програмирање во државата и понатаму е наплатен но од Септември наваму на уште повисоко ниво и со 75 135 денари постигнаа највисок просек. Во споредба со минатата година кај нив платите пораснале за просечни 12,2%.

Освен во оваа индустрија значаен раст се регистрира и во фармацевтската индустрија каде просекот достигна до 49.187 денари. Годишниот просечен раст овде е 4,4%.

Веднаш до фармацевтите високо со платите летаат и вработените во водухопловството каде просекот е 48.294 денари со напомена дека високо позицираните слуќбеници имаат плата и двојно повисоко од споменатата. Овде просекот на пораст е најголем бидејќи нараснал за 14,7%.

Секогаш добро платените банкарски службеници во септември стигнале 46,716 денари но во платите не влегуваат банкарските бонуси што ги делат менаџерите и другите одговорни. Овде растот на платите на годишно ниво е минимални 1,4%.

Влез помеѓу најдобрите за првпат обезбедуваат вработените во секторот стручни дејности кои во елитата влегоа со просечни 45. 293 денари што е за 10% повеќе во однос на претходната година.

Ова се највисоките просечни плати во споменатите сектори и практично тие најмногу допринесуваат за висната на просечните плати во земјата. Сега тој просек изнесува 28.869 денари што е зголемување за 5,3% во однос на истиот месец минатата година. Но вистината на животот не е во просечната плата туку во минималецот и малку над него кој го земаат речиси 70% од вработените во државата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles