2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

Во Кочанско заврши најдолгата жетва досега. Родот се собираше повеќе од два месеци

Повеќе од два месеци траеше жетвата на оризот во Кочанско. Ова досега е најдолг период за собирање на родот зашто оризарите како прилина ги наведуваат обилните дождови во средината на октомври. По нив механизаицијата долго неможеше да влезе на оризовите полиња.

„Ваква година досега немало. Имавме долга и тешка жетва. Во октомври се случија дождови поради кои имаше застој во работата. Работна рака нема, аргати сѐ потешко се наоѓаат, и одиме претежно на машинска работа. Дел од селата оризот го собраа викендов“ изјави Здравко Арсов-оризопроизводител

Предолгата жетва и дождовите сигурно ќе имаат влијание и на квалитетот и на кванитетот на собраното што за производителите значи нови загуби

Оваа година на 100 килограми арпа имаат од 30, 35, максимум до 40 килограми ориз. Производителите не се задоволни од откупните цени, и велат дека тие треба да бидат едно евро по килограм, за да им се исплати трудот, затоа што и онака се обременети со скапи репроматеријали. Изјави Здравко Арсов-оризопроизводител

Освен предолгата жетва оризарите за проблем го имаат и пласманот бидејќи кај голем дел од нив ланската и реколтата од оваа година ќе бидат сместени на исто место. Сепак државните анализи за оваа години предвидуваат поголемо производтсво од претходните две а очекувањата се следните:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година се произведени 21.278 тони ориз, а во 2020 година имаме 19.518 тони

На површините во кочанската котлина пролетва со ориз беа засеани околу 4.200 хектари, од кои се очекува да се добијат над 23 илјади тони арпа.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles