Од повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола ќе биде потпишан договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија, соопштија од ЕСМ. Од компанијата информираат дека, го засилува ископот на сопствен јаглен и со тоа ќе осигури производството на електрична енергија во текот на зимската сезона. Нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони.