3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Кочани во главниот водоводен систем ке инвестира 700 000 евра.

Сите пари, 700 000 евра добиени  од Буџетот  како компензација за  неизградеиот карго аеродром во Штип  Кочани ке ги потроши  за  реконструкција на главниот потисен цевковод за водоводната мрежа во градот и дел од населените места.

Локалната самоуправа на Кочани наскоро ќе ја почне постапката за реализација на градежните работи а потребните материјали за изведба на  цевководот веќе почнаа да пристигнуваат и се складираат.

Се планира да се заменат 2.250 метри на постојниот цевковод, од бунарскиот систем Грдовски Орман кон  градот, при што ќе се постават дуктилни цевки од лиено железо со пречник од 508 милиметри. Со реконструкцијата ќе се обезбеди поголема издржливост и долготрајност на системот, особено што токму оваа делница поминува низ оризовите полиња и е неговата најслаба точка

Вкупната должина на цевководот е околу пет километри но критични се три. Пред десетина години беше направена реконструкција на околу 1,3 километри, така што останува да се обнови уште околу 1,5 километри.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles