3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Почина најголемиот промотор,творец и фолклорист во пијанечкиот крај – Димитар Узунски

На 83 години вчера почина народниот уметник, фолкористот Димитар Узунски. Узунски или како неговите сограѓани од Делчево го нарекуваа Цепенко од Пијанечкиот крај, остави неизбриишлива трага во културата од овој регион, истакна градоначалникот на Делчево Горан Трајковски…

Негова заслуга  е орото „Копачката“ во 2014 година да се прогласи за национално културно наследство со особено значење и од исклучителен интерес, а воедно и е впишано во Репрезентативната листа на Унеско за нематеријални културни наследства на човештвото.

Соба за културното наследство на Пијанечкиот крај е проектот што смртта Узунски го прекина во негово финализирање.

Димитар Узунски е роден на 22.09.1938 година во село Тработивиште, општина Делчево. Завршил Педагошка академија група музичко воспитување во Скопје.

Над 50 години ја раководи ФГ КОПАЧКА од  село Драмче.  Со неа има бројни настапи во земјата и странство како пејач, организатор, инструменталист и играорец. Беше надворешен соработник на Институтот за фолклор и до крајот на својот живот се занимаваше со собирачка активност.Узунски има освоено повеќе признанија и награди за својот творечки и собирачки опус. 

Димитар Узунски е погребан денеска во на градските гробишта во село Тработивиште.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles