Ново противпожарно возило од Фондацијата Флоријан, денеска доби Свети Николе. Станува збор за возило кое е наменето за гаснење пожари, но е целосно опремено и за секаков вид на теренски интервенции. Новото возило е исклучително значајо за Општинската противпожарна единица, чиј возен парк е дотраен и со многу изминати години работа зад себе. Вчера, идентично возило од Фондацијата Флоријан доби и Македонска Каменица.