2.9 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Претпоставки има се повеќе, но главните дилеми за несреќата во Бугарија остануваат

Се повеќе претпоставки има за можните причини за несреќата во Бугарија, која во смрт однесе 45 македонски граѓани. Според претседателот на Здружението на вешти лица на Бугарија, Симеон Ананиев, вештачењето мора до оди најмалку во 5 правци, а предвид треба да се земат сите околности  од проектирањето на патот до техничката исправност на возилото и товарот кое тој го носел.

Според анализите, на експертите за патишта,  вина за несреќата мора да се бара и на самиот автопат, особено во делот на патната сигнализација. Спорната делница, тврдат, не била соодветно обележана.

Дел од бугарските медиуми  споменуваат, а некои македонски портали пренесоа и информации за канистри полни со нафта и пиротехнички материјал кој бил во возилото, но официјана потврда за ова, засега нема од никој.

Во страотната сообраќајка што вчера рано утрината се случи на автопатот Софија – Благоевград, 45 македонски граѓани го загубија животот. Од автобусот на смртта успеаја да се спасат само 7-мина кои се згрижени во болницата Пиргава во Софија:

До крајот на денов, пак, се очекува да заврши обдукцијата на телата на загинатите во автобуската несреќа, а идентификацијата до крајот на неделата по што државата ќе организира пренесување на останките во Скопје.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles