Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на прес-конференција во Претседателството изјави дека државата воведува нови демографски мерки. „Со оглед на фактот дека полека исчезнуваме како народ, мора да размислиме како да го решиме овој проблем. „Без разлика што е донесен буџетот, од 1 јануари веднаш ќе плаќаме по 300 илјади динари за секое првородено дете, наместо досегашните 100 илјади“, рече Вучиќ, додавајќи дека мерката ќе биде „комбинирана со други мерки.