1 C
New York
Thursday, November 30, 2023

Buy now

spot_img

Бугарското обвинителсто излезе со првични анализи: Човечка грешка и лоша сигнализација најверојатни причини за несреќата. 44-ца починале од задушување

Човечка грешка, потпомогната со лоши временски услови и нејсана и несоодветна патна сигнализација, се засега најверојатните причини за страотната автобуска несреќа во Бугарија. Ова се првичните констатции на  Бугарското јавно обвинителсто , изнесени на денешната прес конференција:

„Во моментов водечка верзија е дека се работи за човечка грешка.  Овде ќе ја потенцирам и верзијата за лоша патна сигнализација, лоша организација на движењето на патот .  Банкината во која удрил автобусот, не само што не е корисна, туку е и опасна за движењето и таа е клучна за настанувањето на инцидентот“ изјави Борислав Сарафов, јавен обвинител

Реконструкцијата на настанот која ја направи бугарскиот обвинител Борислав Сарафов покажува дека автобусот од, досега неутврдени причини, свртел кон десно и удрил директно во банкината:

„Има траги на кочење. Возачот реагирал пред ударот во банкината. Потоа, од необјаснети причини се отклонил кон десно и удрил во банкината. Дали го згрешил патот, било темно, дали причината е друга, не знаеме“ изјави Марјан Малинов, раководител на групата истражувачи

Самото влечење на металната ограда под автобусот предизвикала големи искри кои предизвикале палење на нафтата и маслото во автобусот. Огнот кој избувнал во предниот дел не им дал шанса на патниците да побараат излез од предната врата, па сите поитале кон задната. Но таа била заглавена од оградата на патот. Починале од задушување:

„Обдукциите покажаа дека сите починале како последица на задушување од пожарот, а не од трауми од удар. Во дишните патишта се најдени саѓи, што значи дека вдишале чад и биле живи во моментот на пожарот“   

Обдукциите покажаа дека сите починале како последица на задушување од пожарот, а не од трауми од удар. Во дишните патишта се најдени саѓи, што значи дека вдишале чад и биле живи во моментот на пожарот“ изјави Борислав Сарафов, јавен обвинител

„Бугарските истражили, категорично ги демантираа информациите дека причина за катастрофата е шверц на нафта или петарди. Траги од такво нешто форензичките анализи во авобусот не пронашле, а отфрлена е и претпоставката за можен тероистички напад.

Она што денес предизвика збунетост е информацијата дека бројот на жртви е 44, а од автобусот се спасиле 8 патници. Сепак, во болница се само 7.

Според списокот, во моментов на несреќата внатре биле 52-ца. Една од претпоставките е дека 8-миот патник по паузата се преместил во друг автобус.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,912FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles