Германските инвеститори во земјава поднеле барање, во Предлог-законот со кој недела би била прогласена за неработен ден да се внесе уредба за прецизно регулирање на ваквото решение. Оваа уредба, како што информира директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс, ќе ја заштити позицијата што ја имаат производителите од Северна Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување.