17.2 C
New York
Monday, May 29, 2023

Buy now

spot_img

Два нови стимулативни фондови за општините подготвува Владата

Два нови стимулативни фондови за финансирање на општините подготвува Владата. Станува збор за Фонд за воедначување и Фонд за перформанси преку кои ќе се распределуваат средствата собрани од зголемениот процент за општините од данокот на личен доход и од ДДВ:

Преку Фондот за перформанси ќе се наградуваат општините кои успеваат да ги зголемат локалните приходи. Поточно, оние со добри резултати ќе бидат стимулирани на тој начин што преку тој Фонд ќе добиваат повеќе пари од останатите.

Преку Фондот за воеданчување, ќе им се доделуваат пари на општините кои покажале фискален напор и оствариле добри резултати, но прибрале помалку приходи поради ограничениот капацитет на ресурсите со кои располагаат, стои во Предлогот на Буџетот за 2022 година..

На овој начин, освен што финансиски ќе се зајакнат општините , ќе се стимулираат и самите са обезбедат повеќе приходи.

Новиот начин за финансирање на општините, е особено важен за помалите општини кои распоилагаат со ограничени капацитети и имаат малку можности сами да соберат повеќе пари.

Сега според закон општините добиваат 2,8 милијарди денари преку дотација од ДДВ и данокот на личен доход. Со реформата, во 2024 година ќе добиваат двојно повеќе, односно 5,2 милијарди денари, на тој начин што наместо сегашните три, ќе им следуваат шест проценти од данокот на личен доход, а наместо 4,6 проценти од ДДВ, ќе добиваат шест.

Со овие новини Владата најавува и заострување на критериумите за контрола на финансиска дисциплина на локално ниво.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,787FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles