Започна изградбата на улицата .4 во село Црник, Општина Пехчево, која води кон муслиманските гробишта. Станува збор за извршување на земјени работи и вградување на бекатон плочки со вкупната должина на улицата од 370 метри, и со широчина на коловоз од 3,5 метри. Вкупниот буџет за изградба на оваа улица е 2,5 милиони денари од кои 296 000 денари се за изградба на потпорни ѕидови, додека средствата се обезбедени од Биро за регионален развој.