Преку мерката „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, подмерка набавка на трактори” веќе се реализирани и исплатени повеќе од половина од одобрените апликации. Од вкупно 540 потпишани договори за набавка на трактори, до денеска исплатени се 306 апликанти и на нивните сметки вратени се 120 милиони денари, информираат од Агенцијата з афинансиска поддршка на земјоделието.