Комесарот за проширување на Европската унија Оливер Вархеји, на крајот од дводневната посета на Босна и Херцеговина изјави дека земјата ризикува да загуби 1,5 милијарди евра инвестиции поради актуелната политичка криза. „Ова е критичен момент за земјата, за граѓаните и компаниите. Реформите се во тек и БиХ ризикува да загуби 1,5 милијарди евра инвестиции доколку не се преземе нешто“, рече Вархеји.