Во Грција пристигнаа 2.000 моноклонални антитела за терапија за Ковид-19, а во првата фаза, терапијата ќе се спроведува во десет болници во различни делови на земјата. Преку заедничко соопштение, Министерствата за здравство и за дигитална политика на Грција информираат дека вчера била формирана посебна научна комисија која ќе ги разгледува барањата на пациентите и детално ја објаснуваат процедурата за пријавување на граѓаните за примање на конкретната терапија.