Развојната банка, денес, ја повлече првата транша во износ од 16,9 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со оваа транша се обезбедува поддршка на 50 проекти на домашни мали и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании, кои ќе вработат нови 90 лица.