Во период од 06. август па се до 25. ноември на територија на државата 58.276 граѓанин, се позитивни на Ковид 19, а од нив целосно вакцинирани, биле 17.896 лица.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, односно од 468 болнично сместени пациенти, 91 се целосно вакцинирани.
Поради ова, смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август па се до 25 ноември на територија на државата починале 1.986 пациенти со Ковид 19, 1.571 пациенти од починатите, , не биле вакцнирани а 415 починале и покрај примените вакцини а пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање , стои во Анализата на Министерството за здравство.