Со 20, односно 10 илјади денари ќе бидат наградени армиските лица кои учествуваа во гаснењето на августовските пожари низ земјата:
– Армијата со својата храброст и пожртвуваност во гасењето на пожарите летово, уште еднаш покажа дека граѓаните имаат на кого да се потпрат. Не го правевте тоа за парични награди, пофалници или слободни денови, туку поради зборот што го дадовте во својата служба – да ја заштитите државата и да ги одбраните своите граѓани. Затоа и ние го одржавме зборот и обезбедивме и пофалба и награда. Ви благодарам и ви честитам, вели министерката Шекеринска.