27.9 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Најновата криза граѓаните носталгично ги враќа во времето на Тито

Најновата криза и цените кои не можат да се сопрат, постарите генерации задолжително ги враќа назад, во времето на некогашна Југославија и Тито. Носталгијата која за огромен број граѓани се уште е присутна, тие ја оправдуваат со следново:

„Има многу голема разлика во времето на Југославија сите можевме да си дозволиме летен одмор, да купиме стан да извадиме кредит. Во тоа време имавме сигурност, плати навреме не се плашевме од ништо“ изјавија анкетираните

Освен животниот стандард, оние што живееле во тоа време, тврдат дека има разлика и во карактерот на луѓето. Тогаш се било поинаку:

Тоа беа убави времиња каде што немаше завист и љубомора на некој начин бевме сите еднакви, се дружевме и бевме солидарни

Иако овие времиња во многу случаи и се идеализираат и некои тврдат дека носталгијата , всушност, не е по Тито, туку по младоста, сепак во тој социјалистички период се живеело вака.

Тогаш, со една просечна плата можело да се купи :

Со една плата можеле да се купат 50 кг месо, 200 литри бензин, нов автомобил со 26 плати, а стан од 60 квадрати со 150 плати.

Според анализите, пак, на списанието „Космо” од Австрија , доколку Југолсавија се уште постоеше, Државата би имала 21 милион жители со просечна плата од 1.400 евра. Бруто националниот производ би изнесувал 191  милијарда долари, што би ја ставило Југославија на 53. место во светот во смисла на силата и на големината на економијата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,443FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles