13 поединечни пакувања на прашкаста материја, која најверојатно е дрога, се пронајдени кај штипјанка при претрес на нејзниот дом. Претресот направен со судска наредба, освен дрога , во домот на 49-годишната Д.Ц. на виделина извадил и повеќе предмет кои претходно биле украдени, односно се дел од истрага за кривични дела кражба и тешка кражба.
Д.Ц. е приведена во полициска станица и по комплетно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.