Првите предупредувања за снежна опасност и сите последици од неа, јавните претпријатија од Регионот ги добиваат веќе неколку дена. Колку за оваа сезона, тие се подготвени за да не бидат од снегот изненадени во зима:
Ние сме комплетно подготвени еве ова утро имавме врнежи од снег на планината Плачковица каде ЈКП Плачковица со механизацијата излезе на терен и постојано ја следиме ситуацијата изјави Виктор Паунов-градоначалник на Карбинци
Иако подготвеноста секоја година јавните претпријатија ја најавуваат како гаранција за справување со невремето, сепак задолжително секогаш проблеми има. Причина за ова е очајната состојба со соодветен зимски возен парк и механизација:
Ние сме поидговотевни но меѓутоа располагаме со многу стара механизација освен со едно поново возило кое е набавено од пред 2 години“ изјави Игор Ефтимов- директор на ЈП Стипион-Штип
Ова практично значи, дека поголемо невреме задолжително ќе донесе проблеми за сите и оваа година, поради што општините дефинитивно мора да размислуваат за инвестиции . Доколку не можат сами, дали општините не можат заеднички да направат повеќе:
Ние и претходните години постојано и организирано си помогавме помеѓу општините и се надевам доколку дојде повторно до такво нешто се разбира дека и ние и на нас ќе ни биде неопходна помош изјави Звонко Пекевски-градоначалник на Берово.