Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднсе кривична пријава против К.Г. на возраст од 65 години, под сомнение дека сторил кривично дело „насилство“.
Пријавениот на 28.11.2021 околу 12.30 часот на ул.„Кумановска“ во Свети Николе, пред дворното место на оштетената В.Д., се однесувал агресивно, викал и упатувал закани кон неа, а потоа и кон нејзини роднини, информираат од СВР.
К.Г. бил лишен од слобода и задржан во ОВР Свети Николе, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.