Српската влада ги замрзна цените на основните животни артикли на нивото од 15. ноември и на овој начин одлучи да го заштити животниот стандард на своите граѓани
Одлуката се однесува на брашно, месо, масло за јадење, шеќер, млеко и други артикли кои се елементарна потреба. Овие продукти, заедно со режиските трошоци, секое домаќинство месечно кај нас просечно го чинат околу 60 % од животните трошоци , поради што од Синдикатот веднаш побараа истото да се случи и во Македонија.
Освен Синдикатот, аларм за загрозен животен стандард вклучи и Организацијата на потрошувачи, бидејќи цените нагоре тргнаа незапирливо
Дали апелите од сите страни ќе бидат доволно силни за Владата да го направи бараното замразнување на цените, повторно е неизвесно што граѓаните со најниски примања ги турка во се поголема егзистенционална неизвесност.
Преживувањето од месец до месец за нив е навистина трамуматично, што го потврди и министерката за труд и социјала, потенцирајќи зголемен број на социјални случаи.