За 7 нови пациенти се зголеми бројот на ковид хоспитализирани на Инфективното одделение во Штипската клиничка болница, и денес бројот на оние кои таму се лекуваат изнесува 39:
Имаме 32 пациенти кои се на кислородна терапија и уште 7 други кои се со средна клиничка слика. Починати пациенти немаме, информираат од Болницата.
На Кожното одделение, каде се лекуваат пациенти со лесна симптоматологија и кои се пред испишување, засега има само еден пациент.
На ниво на регион, последниве неколку денови, бројот на активни случаи бележи намалување и во моментов, потврдени се 796 ковид 19 позитивни.