Првиот случај на омикрон, новата варијанта на корона вирус, е откриен во Грција, потврди министерот за здравство Танос Плеврис. Тој рече дека е заразен грчки државјанин на Крит, кој неодамна пристигнал од Јужна Африка. Министерот увери дека се испочитувани сите карантински протоколи и протоколи за мониторинг.