Новата бугарска влада која Парламентот треба да се изгласа во средината на месецот, е нова надеж за решавање на последниот бугарско-македонски спор во врска со македонскиот европски пат, изјави бугарскиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов денес во Штип.
азговорите продолжуваат, тие никогаш не запреле и се водат доверливо меѓу двете министерства за надворешни работи. Се надевам дека ние ќе добиеме нова влада. Утре е првата сесија на новиот Парламент на Бугарија и се надеваме дека новата политичка влада ќе постигне договор со Владата на Македонија. Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. Така што, се надевам дека прво ќе избереме влада за да може да се дојде до решение, рече Ангелов
Ангелов: Телата на загинатите ќе се транспортираат утре
Во однос на катастрофалната автобуска несреќа , амбасадорот Ангелов, најави дека утре со два транспортни авиона телата на починатите ќе бидат пренесени во Македонија.