Наместо да се одредуваат високи цени за кесата, да се врши нивна селекција и рециклирање, бараат од Групацијата на производители на платични маси. Велат дека за да го преориентираат производството кон биоразградливи кеси треба да вложат по околу пет милиони евра, а дополнително и не им се достапни материјалите за производство.