До крајот на следната седмица Бугарија може да има редовна влада, предвидува Кирил Петков, копретседавач на „Продолжуваме со промената” која победи на парламентарните избори. На почетокот на новата недела се очекува да биде потпишан коалицискиот договор меѓу преговарачите – „Продолжуваме со промената”, БСП, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија”.