-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

Општините од регионот единствени во намерата лицата со попреченост да добијат соодветен социјален и професионален агнажман

Меѓународниот ден на лица со попреченост, ги обедини општините и институциите во намерата на оваа категорија сограѓани, да и обезбедат соодветен социјален и професионален ангажман.

Државниот училишен центар Искра од Штип, е единствената институција во Регионот која обезбедува професионална и стручна подготовка на лица со попреченост за нивно вкучување на пазарот на трудот.

Во оваа насока, во Делчево се финализираат  подготовките за отворање на Клубот за социјална инклузија „Интегра“ кој ќе ги постави темелите за создавање на првото социјално претпријатие во Делчево.

Според есорното министерство, поголема инклузивност на овие лица може да се обезеди преку процесот на динституционализација.

По повод меѓународниот ден на лица со попреченост, општина Штип донираше вредносни ваучери на неколку училишта и институции кои згрижуваат вакци лица.

Голема донација обезбеди и и рудникот САСА за Дневниот центар за лицата со попреченост, чии услуги ги користат 15 лица од општина Македонска Каменица. Донацијата се состои од кревети, клима-уреди, играчки, хартија и прибори за цртање, принтер и друг канцелариски материјал. 

Со својата поддршка за лицата со попреченост што ја обезбедува во континуитет, САСА покажува на дело дека целосно ги разбира потребите, вниманието и грижата која им е неопходна на овие наши сограѓани, за да можат тие да се почувствуваат дека се вистински интегрирани во заедницата, велат од Ддневниот центар во Македонска Каменица.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles