-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

По Здравева и Мицевски, Врховниот суд ја прифати жалбата и на Рибарев.

 

Врховниот суд ја прифати жалбата на својот разрешен колега, Стојанче Рибарев и ја укина одлуката што ја донесе Судскиот совет на 14-ти јули за негово разрешување и одалечување од работното место, соопшти Врховниот суд.

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија расправаше по повод жалбата на Стојанче Рибарев, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија  за негово разрешување од вршење на судиска функција, стои во известувањето.

Според процедурата, постапката сега пак се враќа во Судскиот совет и тој повтпрно  ќе одлучува дали Рибарев ќе биде пак разрешен но од Советот изјавија;

Судскиот совет се уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд кои се однесуваат на два предмета, а со кои се опфатени тројца судии, и не ја знаеме содржината на образложенијата, односно немаме податок дали се укинати само одлуките за разрешување на судиите или  се укинати и решенијата за суспензија.

Рибарев беше разрешен поради обвинение за  злоупотреби во АКМИС системот,

Рибарев по неколку месеци откако стана судија во Врховен суд, беше в.д. претседател на Кривичниот суд, кога се процесуираа предметите на Специјалното јавно обвинителство. Но од таму сам си поднесе оставка.

Прифатената  шалба на Рибарев е само 2 дена откако Врховниот суд идентично се произнесе и по жалбите на разршените судии од Апелативниот суд во Штип Сузана Здарвева и Зоран Мицевски.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles