27.9 C
New York
Saturday, August 20, 2022

Buy now

spot_img

Сезонскиот пазарен ексклузивитет е и јапонското јаболко. Потекнува од Јапонија, но во Македонија прв го донел наш познат политичар

Сезонскиот пазарен ексклузивитет, повеќе години наназад го прави и јапонското јаболко. Чудесно овошје кое по прифатливи цени може да се најде на секоја трпеза.

Освен декоративниот изглед, посебноста на ова овошје е неговиот вкус и исклучително богатиот потенцијал со витамини од кои доминантни се А и Ц, а од минералите изобилува со железо, селен, бакар и калиум.

Ова овошје, може долго да остена дома, особено ако е во фаза на зреење , а според вкусот нивните обожаватели можат да бираат меѓу неколку видови

Потеклото на јапонското јаболко секако е од Јапонија, но интересен факт за него е дека во Европа првпат е донесено во средината на 19 век. Уште поинтересен факт е дека, првото дрво на јапонско јаболко во Македонија е донесено пред 40 години и тоа од некогаш познатиот политичар Лазар Колишевски. Во убавото дрво тој се вљубил во Кина, од каде и го донел.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,443FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles