7.5 C
New York
Sunday, December 4, 2022

Buy now

spot_img

Кој е следниот водач. Хронологија на сите досегашни лидерски борби во СДСМ

Од аспект на бројката на пријавени кандидати, претстојните внатрепартиски избори повеќе наликуваат на партиските конгреси во 2004 и во 2013 година, кога имаше по тројца кандидати – тогаш за наследник на Црвенковски

Идната недела, По вторпат   во иста година  СДСМ ке  оди на внатрепартиски избори за лидер и тоа по само девет месеци откако, наместо на конгрес, со статутарни измени се предвиде непосредно гласање на целото членство за  лидерската  функцијa.

 Изјавата на Заев од 31  октмври кога  најави оставка  инстантно  го возбуди членството но и со невидена енергија ги мотивираше  претенедентите на позицијата која  директно води до  најмокното место, премиер на државата и господар на ситуацијата.

Доколку во текот на викендот Изборната комисија на СДСМ оцени дека сите четворица номинирани за наследник на Заев ги исполнуваат условите предвидени со Правилникот за кандидирање и за спроведување на изборниот процес, тогаш во оваа „трка“ ќе има рекорден број кандидати, во споредба со досегашните циклуси за избор на највисоката партиска функција.

Од аспект на бројката на пријавени кандидати, од старт може да се каже дека вторите внатрепартиски избори во СДСМ ќе бидат драстично поразлични од првите, кога не само што Заев беше единствен кандидат, туку и никој не се обиде да му биде конкуренција.

 Но, кои се досега беа партиски лидери и кои беа перидоите кога  тие се бираа.

Во март годинава Заев го доби третиот мандат по ред на чело на партијата, но првпат на непосредни избори откако во периодот 2008-2009 година беше и в.д.претседател, пред враќањето на Бранко Црвенковски на „Бихаќска“. На партиските избори пред девет месеци беа регистрирани близу 69 илјади гласачи од активните членови на СДСМ. За Заев, како единствен кандидат, гласаа 59 240 сопартијци, 865 беа „против“, а имаше и 277 неважечки ливчиња.

 Освен Заев, во изминатоте 30 години  СДСМ имал уште тројца други лидери  но  најголемата слава му припага на Бранко Црвенковски.  За некои најголм лидер на СДСМ на сите времиња за други , најблаго речено, контраверзен лидер со манири на Мило Гукановик.

Црвенковски беше неколку пати избиран на функцијата, во периодот од 1992 до 2004 година и потоа уште еднаш во 2009 година кога  како  негов наследник на чело на СДСМ дојде Заев.

Освен тогаш, во СДСМ имаше конкурентска битка и на конгресот кон крајот на 2004 година, откако Црвенковски стана претседател на државата, а партијата едно време имаше колективно раководство. На конгресот што се одржат тогаш, делегатите на СДСМ го избраа за лидер Владо Бучковски, чии противкандидати беа Тито Петковски и Радмила Шекеринска, која влезе и во вториот круг гласање. Потоа, Бучковски стана и мандатар за состав на третата влада на СДСМ во периодот 2002 – 2006 година.

Откако СДСМ ја изгуби власта во 2006 година, на Бучковски му беше изгласана недоверба на партиски конгрес. Потоа, во почетоците на опозициското дејствување на СДСМ, Радмила Шекеринска, како единствена кандидатка, беше избрана за претседателка на СДСМ и остана на чело на партијата до првите предвремени парламентарни избори во 2008 година, кога си поднесе оставка поради изборниот пораз.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,595FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles