56 -годишен жител на Македонска Каменица, не успеа да се избори со последиците од корона инфекцијата и ноќеска почина во Клиничката болница во Штип .
По неколку мирни денови, повторно имеме починат пациент на Инфективното одделение како последица на тешка инфекција со Ковид 19 , информираа од Болницата.
Во моментов, на лекување во КБ – Штип се 35 пациенти. од нив 33 се на Инфективното одделение, со 28 пациенти на кислородна терапија, а двајца се сместени на Кожното одделение.