Владата размислува да ги замрзне и цените на оризот и јајцата со бранот на инфлација кој веќе се чувствува во земјата. Ќе ги почекаме цените од Заводот за статистика за месец ноември. Ако има зголемување драстично, ќе донесеме прошируваме на одлуката за замрзнување на оризот и јацата за наредните два месеци, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тоа значи дека овие производи ќе се додадат на веќе постоечката листа на замрзнати цени на сончогледовото масло, брашното тип 400, леб, шеќер, свежо млеко, сирење која беше усвоена со одлука на Влада во саботата.