Лажен свештеник од Кочани растурал црни магии во Гостивар. Станува збор за лице на возраст од 35 години кој за пари измамил мајка и ќерка, ветувајќи им дека ќе го тргне злото од нивниот живот и сите магии направени на нивна глава ќе ги растури.
Откако мајката и ќерката парите ги дале и ги направиле сите потребни ритуали советувани од наводниот добротвор, но во животот ништо не им се променило, случајот го пријавиле во полиција.