24.7 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Бањата „Кежовица“ во Штип ќе добие 65.000 евра буџетски пари за реконструкција

Со амандманска интервенција на пратеникот Никола Мицевски, Бањата „Кежовица“ во Штип ќе добие 65.000 евра за реконструкција. Пари кои досега ЈП „Исар“ и Општината не можеа во целост да ги обезбедат.

Овие буџетски средства сега ги отстрануваат сите пречки во намерата „Кежовица“ , конечно да се оспособи за широка употреба .

Користењето на природниот ресурс, водата од „Кежовица“ е од огромно значење не само за жителите од Штип, туку и од пошироко, бидејќи приоритетна е нејзината далеку позната лековитост.

Инаку, пратеникот Никола Мицевски, минатата година повторно преку амандман обезбеди 250.000 евра од буџетот на Државата, а кои се однесуваа за поставување заштитна ограда на кејот на река Отиња.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,442FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles