Грчките власти денеска ја одобрија вакцинацијата против Ковид-19 вирусот на деца на возраст од пет до 11 години, започнувајќи со вакцинација на истите од 15 декември. Првиот датум за вакцинација на децата на возраст од пет до 11 години ќе биде на 15 декември, а платформата за закажување ќе биде достапна од 10 декември, соопштија грчките власти. Децата ќе се вакцинираат со доза помала од дозата за возрасни, а првата серија вакцини ќе пристигне на 13 декември.