Именувањето на улица во Берово според починатиот пожарникар Жан Кофол во Словенија е прифатено со големо внимание и респект. Тамошната јавност за големиот гест на Берово беше информирана преку повеќе медиуми.
Основата за идното големо пријателство меѓу двете општини ја потврди и градоначалникот на Нова Горица Клемен Миклевич, а иднетично размислува и беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.
Името, на Жан Ккофол во јавноста стана познато со неговото учество во гаснењето на големиот летен пожар во Малешевијата, а подоцна неговата трагична смрт беше причина за искажување на трајна благодарност за потенцирање на неговата хумана нарав.