Сојузот на синдикатите на Македонија денес повика на масовност и поддршка на протестот во недела. Велат дека социјалното ѕвоно удрило силно и тоа мора да ги собере сите кои на месецот, поради сиромаштија не можат да му го видат крајот.
Основните барања зад кои Синдиатот застана и за кои бара најголма поддршка досега се следните.
1. Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои недела се прогласува за неработен ден .
2. Измена и дополнување на Законот за минимална плата со кој ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната, односно да се зголеми на најмалку 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое останатите плати ќе го следат растот на минималната.
3. Потпишување на Општ колективен договор за јавен сектор.
4. Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор.
Протестот, Синдикатот го закажа за в недела 12 декември во Скопје со почеток во 12:12 ч.