Најголемиот ризик за корупција кога станува збор за институциите и натаму се манифестираат преку злоупотреба на службената положба и овластувањето при издавање документи, дозволи, лиценци и решенија, а формите главно се со прифаќање подароци и услуги, поткуп, оддавање класифицирани информации, уништување докази и слично, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Поради ова, неопходно е постоење функционална поврзаност и формирање заедничка база на податоци до кои ќе имаат пристап сите субјекти задолжени за борба против корупцијата.