Иако на неделните локални избори освои најмногу советнички мандати во сите три општини, Демократската партија на социјалистите (на претседателот Мило Ѓукановиќ ќе може сама да формира влада само во Петњица. Таа по 16 години ја загуби власта во Мојковац, а во Цетиње ќе треба да преговара за коалиција. ДПС на Ѓукановиќ како формален победник, произлегува дека е и најголемиот губитник на изборите одржани во недела.